На каменоломот се експлоатира и обработува минерална суровина - варовник и истиот се користи во градежништвото како технички камен, кој на пазарот оди во вид на тампонски материјал за патишта, фракции за производство на готови бетони и бетонски елементи како и фракции за производство на асфалт. Истиот се продава како комерцијален производ со тежинска мерка.
|
|